КИП ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ од Скопје е компанија основана кон крајот на 2004 год. и е во целосна приватна сопственост.
Водечката идеја за основање на компанијата е произлезена од намерата за понуда на квалитетни машини и репроматеријали од реномирани светски производители на нашиот пазар и пошироко. Истите се наменети за мали и средни компании од областа на производството на мебел, на кои им се нуди можноста за зголемување на производствениот асортиман со пратење на светските трендови.